We use cookies to make your experience better.To comply with the new e-Privacy directive, we need to ask for your consent to set the cookies.Дознај повеќе.
Правила за достава
Правила за достава
Политика и услови на доставување на производите од аспект на рокови и начин на испорака
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на Фармаген за достава до адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација.
Испорака во Скопје и Велес
За достава на Вашата пратка Фармаген соработува со BigShop.
Достава на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект/фирма;
Испораки се вршат од Понеделник до Сабота од 10:00ч до 21:00ч.Недела не се вршат испораки!
Нарачката направена во тековниот ден од 08:00ч до 20:00ч се испорачува според истиот ден од 10:00ч до 21:00ч, нарачките направени после 20:00ч се испорачуваат наредниот ден. (Пред секоја испорака, ќе бидете исконтактирани од оператор).
Исклучоци: Недела и на државни празници не се врши испорака.
Испорака низ Македонија (без Скопје и Велес)
За достава на Вашата пратка Фармаген соработува со Тотал Пост
Достава на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект/фирма;
Испораки се вршат од Понеделник до Сабота. Недела не се вршат испораки!
Времето на испорака е најчесто од 1 до 3 работни дена од прием на нарачката, во случај на викенд или државни неработни денови. По градови:
Ред.бр Град Достава
1 Скопје секој ден
2 Берово секој ден
3 Битола секој ден
4 Велес секој ден
5 Валандово секој ден
6 Виница секој ден
7 Гостивар секој ден
8 Гевгелија секој ден
9 Дебар СРЕДА
10 Делчево секој ден
11 Дојран секој ден
12 Демир Хисар ВТОРНИК и ПЕТОК
13 Кавадарци секој ден
14 Кичево секој ден
15 Кочани секој ден
16 Кратово секој ден
17 Куманово секој ден
18Крива Паланка секој ден
19 Крушево ВТОРНИК и ПЕТОК
20 Неготино секој ден
21 Охрид секој ден
22 Прилеп секој ден
23 Пробиштип секој ден
24 Радовиш секој ден
25 Ресен секој ден
26 Свети Николе секој ден
27 Струга секој ден
28 Струмица секој ден
29 Тетово секој ден
30 Штип секој ден
31 Маврово СРЕДА
32 Македонски Брод ПЕТОК
33 Демир Капија ВТОРНИК и ПЕТОК
34 Градско Два пати НЕДЕЛНО
35 Чашка Два пати НЕДЕЛНО
Фармаген го задржува правото да ги промени/продолжи термините за достава доколку се појават ситуции кои што Фармаген не би можел да ги предвиди и кои што отстапуваат од секојдневното тековно работење на Фармаген и тоа:
Производот што ќе биде порачан мора да се плати електронски со картичка;
Доставата на направената нарачка до 1000 ден се наплаќа со минимален износ од 150 денари + 18% ДДВ, направената нарачка над 1000 ден е со бесплатна достава.
Трошоците за достава не се вклучени при нарачката во крајната цена на сметката;
Фармаген не гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови:
-Екстремно лоши временски услови,
-Состојба на елементарна непогода,
-Друга официјална криза на локално или државно ниво.
Доколку при испорака на нарачката во зградата нема лифт или истиот нѐ е во употреба, нарачката ќе Ви биде доставена до влезната врата на зградата;
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи;
При подготвување на нарачката може да се случи некои производи во моментот да не бидат достапни во нашиот пункт за подготовка на нарачки и според тоа да не можат да бидат испорачани.
Во случај кога некој производ не е достапен за нарачка, ќе бидете телефонски исконтактирани од страна на нашиот тим за подготовка на нарачките и ќе ви биде понудена соодветна опција.
Производите се испорачуваат со добар квалитет и рок на траење, испратница и фактура за извршеното плаќање;
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот персонал во соодветни кеси/кутии за да истите не бидат оштетени за време на транспортот.
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на Правила за достава.
Враќање/ рекламација на производи
Секој купувач е должен при испорака на производите да направи проверка за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува;
Во случај кога на потрошувачот му се испорачани производи кои не се нарачани или производи на кои им е истечен рокот на употреба, или доколку купил производи со недостаток или оштетувања кои настанале при транспортот, купувачот има право на рекламација и истиот е должен да укаже на оправдана рекламација на Фармаген на телефон +3892 2457 552 или на nabavki@pharmagen.mk
Купувачот е потребно да ја пријави рекламацијата веднаш;
Фармаген не одговара и не заменува производи по приемот на нарачката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.
Фармаген има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата pharmagen.mk
Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.