Хидратантна маска со гел од полжав 20 ќесички x 10 ml

 

 

Др. Органик Органска хидратантна маска со гел од полжав 20 ќесички x 10 ml

Хидратантната органска маска од Др. Органик содржи секрет од полжав (Helix Aspersa Muller) кој самиот полжав го произведува за регенерација и заштита на сопствената кожа и оклопот кога ќе се оштетат. Во комбинација со нашата смеса на биоактивни, природни и органски масла и екстракти, оваа прочистувачка и подмладувачка маска пенетрира длабоко во порите на епидермисот, ефикасно го отстранува вишокот на маснотија и нечистотии, а истовремено помага во стимулирање на продукцијата на нови клетки. Оваа хидратантна маска е извонреден третман за убавина кој придонесува кожата да се чувствува интензивно прочистена, обновена и блескава на изглед.